Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 16

:
Macedonian - 1990
1 А што се однесува до собирањето милостиња за светиите, правете и вие онака, како што уредив по црквите во Галатија:
2 во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави при себеси колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам.
3 А кога ќе дојдам, оние што ќе ги предложите, нив со писма ќе ги испратам, за да ја однесат вашата милостиња во Ерусалим.
4 Ако, пак, се најде за сходно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.
5 Ќе дојдам при вас, откако пропатувам по Македонија, оти ќе минам преку Македонија.
6 А можеби при вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам.
7 Оти не сакам сега веќе да ве видам само патем; а се надевам, ако позволи Господ, меѓу вас да поминам некое време.
8 А во Ефес ќе останам до Педесетница,
9 зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противниците се многу.
10 Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте помеѓу вас да биде во безопасност; зашто тој го врши делото Господово како и јас.
11 Никој да не го унизи, туку испратете го со мир, та да дојде при мене, оти го очекувам со браќата.
12 А што се однесува до братот Аполос, многу го молев да дојде при вас со браќата; но, навистина, не сакаше сега да дојде, а ќе дојде, кога ќе му биде згодно.
13 Бидете бодри, стојте во верата, бидете мажествени, бидете крепки;
14 кај вас сѐ да станува со љубов.
15 Ве молам уште, браќа: знаете дека домот на Стефанин е почеток во Ахаја и дека се определи да им служи на светиите.
16 Покорувајте им се и вие на такви и на секого, кој што помага и се труди!
17 Се радувам дека дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија вашето отсуство,
18 зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите!
19 Ве поздравуваат азиските цркви; многу ве поздравуваат Акила и Прискила со својата домашна црква.
20 Ве поздравуваат сите браќа. Поздравете се еден со друг со свет целив!
21 Ве поздравувам јас, Павле, своерачно.
22 А оној што не Го љуби Господа Исуса Христа, нека биде проклет, маран-ата.
23 Благодатта на Господа Исуса Христа нека биде со вас,
24 и љубовта моја со сите вас во Христа Исуса. Амин!